Прогноза за цела недела - во петок промена на времето

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и околината сончево и топло со мала до умерена облачност и повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

Во наредните денови до петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. В петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. 

06.07.2021 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега