Промена за три хороскопски знаци : Ги очекува неверојатно добар период во кој ќе заблескаат

Од 11 мај во 21 часот и 1 минута, младата Месечина ќе влезе во знакот на Бикот, а тоа значи дека нè очекуваат денови во коишто практичната страна ќе биде поизразена, па сите ќе се чувствуваме малку повредно и поамбициозно од вообичаено.

Енергијата која што младата Месечина во Бикот ја носи со себе ни дава можност да зацртаме нови цели и да започнеме некакви нови проекти, а очигледно дека тие истите ќе завршат одлично.

Но, три знаци од хороскопот во овој период ќе имаат повеќе среќа од останатите знаци.

Бик

И Сонцето и Месечината ќе ги соединат силите во знакот на Бикот, па ова е најдобриот момент да ги насочите мислите кон вашите најголеми желби. Фокусирајте се на нив и ќе видите дека работите ќе почнат да се одвиваат во посакуваната насока - ќе забележите дека сте неколку чекори пред нивно остварување.

Доколку се соочувате со одредени промни, немојте да се плашите туку храбро излезете од вашата сигурна зона и „впивајте“ ги новите работи.

Лав

Овој период ќе биде особено добар за вашата кариера, цела упорност и труд ќе ви се исплатат. Ќе ви се отворат нови шанси, малку и неочекувани потези на работен план, па доколку постапите мудро можно е да тргнете кон патот на успехот и напредокот.

Шкорпија

Имаме прекрасни вести за вас - на планот на љубовта ве очекува неверојатен пресврт. Слободните Шкорпии конечно ќе сфатат што всушност сакаат и ќе почнат да работат на тоа, додека пак оние кои што се веќе во врска ќе успеат да решат стари проблеми и повторно да воспостават интензивна блискост со партнерот.

Добри ситуации ве очекуваат и на работа - ќе користите нови информации и знаења. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2021 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега