Промоции на политики, Македонија за сите луѓе, тргнува од Гази Баба

Промоции на политики, мерки и вредности... што треба да се направи, каков е патот кон подобар живот и Македонија за сите луѓе, ќе се објаснува на промоции на политики кои ќе почнат денес со почеток во 20 часот на плоштадот во Гази Баба.

Мерки кои треба да ги превземе централната власт, политики кои ќе придонесат за драстично подобрување на животот на граѓаните. Нов концепт кој е дел од Македонија за сите луѓе, кој го најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденот на партијата. 

Тогаш Мицкоски рече: нашиот слоган е „Македонија за сите луѓе“. Оваа нова политичка стратегија ќе ја оствариме преку нашите политики, кои ќе ги објаснуваме и соопштуваме. ПОЛИТИКИ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ!

Ќе зборуваме кои ќе бидат темелите за нашите решенија кои ќе ги понудиме. Кои се основните принципи преку кои ќе ја закрепнеме економијата. Дека мора да завладее правото за да имаме економија, дека потребна е реална поддршка на иновациите, малиот и среден бизнис. Да инвестираме во know-how, да правиме ефективна и ефикасна соработка со бизнис заедницата во интерес на сите граѓани нормално, да се бориме за секое едно работно место и да создадеме десетици илјади нови работни места. Вештачката интелигенција, роботиката, трансферот на знаење, тоа се патриотите на 21-от век, изјави Мицкоски.

На трибините ќе просиствуваат професори, експерти и аналитичари од повеќе области зборејќи за новиот концепт. Првата тема на промоции ќе биде енергетиката, ќе се збори за цената на струјата, за акцизата на горивата, за гасификацијата, што треба да се прави со Рек и многу други теми.

14.07.2021 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега