Пронајден средновековен скелет во Милано: Момчето умрело во најтешки маки, молејќи за смрт

Во историјата има стравични погубувања кои и ден денс кога се читаат детали може да ви дојдат солзи на очи.

Поради начинот на мачење, од кои луѓето ја посакувале смртта, неколку од нив ја носат „титулата“ најбрутални.

Во архелошката наука, неодамна е пронајден средновековен скелет, кој според извештај од археолозите на универзитетот во Милано, умрел во тешка и болна смрт.

Човекот имал некаде околу 17- 20 години, а живеел во 13 век и е погребан во катедрала близу Милано, во северна Италија.

Прво се воочени докази за симетрични позиции на лузни од рани на рацете и нозете, кои укажуваат дека намерно бил повреден.

Според историските записи се претпоставува дека бил мачен со тркало или така наречено „Тркало на Катерина“

Тркалото е средновековен начин на мачење, начин на јавно погубување застапено во дел од европската историја, од почетокот на раниот почеток на модерната ера.

Записите во врска со тоа како „тркалото“ функционира зависи од местото и времето, но суштината била во брутално кршење на екстремитетите, со нивно увртување и прицврстување околу „тркалото“.

Повредите потоа се правеле подлабоки со помош на ножеви, оган, тапи предмети, камшил или клешти.

Потоа „тркалото“ се закачивало на шипка и така можело да стои со денови, а може и недели, зависно од делото на жртвата. Доколу жртвата не умре, така стоеле, се додека некој од џелатите не се смилува и им ги скрати маките со отсекување на главата.

Овој вид казна обично се применувало доколу се изврши тешко злодело, меѓутоа во делот каде е пронајден скелетот, овој метод се користел над луѓе кои ширеле чума.

„Современиците ја сметале жртвата на тркалото како стигматизирана, различна, така што причината за крајниот резултат потекнува од дискриминација. Жртвите биле нарекувани „изроди“ поради ширењето на чумата“, објаснуваат археолозите во извештајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега