Пронајдена граната во близина на туристичка населба во Ресен


Во близина на туристичка населба во Ресен пронајдена била граната од Првата светска војна.

Вчера во 14.00 часот во СВР Битола, од пиротехничар при Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено дека место викано „Черти камен“ во близина на туристичка населба Отешево, ресенско, била подигната артилериска граната калибар 75.мм од Прва светска војна.

17.04.2024 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега