Пропадна и вториот тендер за рушење на дивоградбата кај Мавровка- не се пријави ниту една фирма

И на вториот тендер распишан од Општина Чаир за уривање на дивоградби не се јави ниту една фирма. На тендерот кој траеше до вчера не стигнала ниту една понуда, па Комисијата за јавни набавки во Општината го поништила тендерот и со тоа пак не е избрана фирма која треба да ја отстрани дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“, пренесува СДК.мк“.

В понеделник со одделението за јавни набавки на Општината ќе имаме состанок за да видиме како според Законот за јавни набавки да постапиме, за да можеме да избереме фирма за уривање, а да не ни се случуваат и во иднина неуспешни тендери, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Општина Чаир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега