Просечната нето плата во јули годинава поголема за 1.300 денари од лани

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), Уметност, забава и рекреација (14.2 %) и Други услужни дејности (13.5 %).
 
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
(3.7 %).
 
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42 627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.
21.09.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа