Просечната плата во ноември годината повисока за скоро 1.800 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари и е за 7 отсто повисока во споредба со истиот месец од претходната година, кога изнесува 25.787 денари. Просечната бруто плата, пак, изнесува 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите Уметност, забава и рекреација за 11,2 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита 11,2 и Образование за 9,5 отсто.

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,1 отсто, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 3,6 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 3,4 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега