Протести и неред во Бејрут: Граѓаните бесни на власта поради разорната експлозија, полицијата употреби и солзавец (ВИДЕО)

 

Либанските безбедносни сили употребија солзавец против демонстрантите во Бејрут кои се собраа синоќа на протест, бесни поради властите после стравичната експлозија во која животот го загубија околу 150 лица.

Либанските државни медиуми пренесуваат дека повеќе луѓе се повредени за време на протестот. Демонстрантите запалиле и неколку контејнери и со камења ја нападнале полицијата.

Протестите доаѓаат откако либанската амбасадорка во Јордан соопшти дека поднесува оставка, истакнувајќи дека „целосната неодговорност“ на власта укажува на потребата за промена на лидерството.

Во телевизиското обраќање, амбасадорката порача дека повеќе не може да ја толерира неспособноста на владата, а тоа е втора оставка на функционер после експлозијата во Бејрут, откако пратеникот Марван Хамадех во средата исто така се повлече од функцијата.

Бројот на загинати вчера навечер порасна од 137 на 149, соопштија од тамошното Министерство за здравство, а се очекува бројката да порасне со оглед на тоа што спасувачките служби и натаму се во потрага по преживеани во урнатините.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа