Прва жетва на легален канабис во Германија - познато за кој ќе бидат наменети првите 50 килограми

Првпат во Германија се жнееше канабис, а во наредните години во оваа земја се планира да се призведува поголемо количество индиски коноп за медицински цели, објави „Дојче веле“.

Вработените на плантажа со канабис во Нојминстер, Германија, се сметаат за пионери затоа што ја собрале првата легална берба на канабис во историјата на Сојузна Република Германија.

Канадска компанија одгледуваше и собра 50-ина килограми канабис на својата добро чувана плантажа зад армирани бетонски sидови.

Безбедносните мерки се многу ригорозни бидејќи канабисот во Германија е опфатен во Законот за наркотичните дроги.

Од Нојминстер во сојузната држава Шлезвиг-Холштајн на крајниот север на Германија стоката ќе патува во аптеките во целата земја, а потоа и до оние што користат канабис од медицински причини – поради силна болка, грчеви или недостиг на апетит.

Од 2017 година на лекарите во Германија им е дозволено да им препишуваат канабис на своите пациенти како терапија. За да ги задоволи потребите на пазарот, Федералниот германски институт за лекови и медицински помагала овласти три компании за производство на канабис.

Макфакс

26.07.2021 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа