Првата полна месечина во 2021 ќе биде и најмоќна: Ова се промените што ќе ги донесе

Првата полна месечина оваа година ќе се случи на 28 јануари во 20 часот и 16 минути на деветтиот степен од Лавот. Интензивна е, полна со драми, неочекувани пресврти, а сето тоа ќе се случува во центарот на нашето битие, во нашето срце.

Најголеми промени ќе донесе на полето на љубовта. Со оглед на тоа што оваа полна месечина е во знакот на огнениот Лав, во прв план ќе се истакнуваат вашата креативност и забавна страна. Дојде време да повлечете некои храбри потези во љубовта и да ризикувате.

Ако имате несогласувања со партнерот, сега е вистинско време да ги разрешите или конечно да ставите точка на врската што не ве исполнува. Овој астро-период може на многумина да им донесе пресврти во романтичните односи. Ќе има многу раскинувања, но и нови средби и интересни познанства.

Астролозите велат дека најголемо влијание ќе има врз Биковите, Лавовите, Скорпиите и Водолиите.

А еве како ќе влијае врз секој хороскопски знак…

Овен

Овој период ќе донесе напнатост во вашиот љубовен живот. Доколку сте во врска, може да дојде до несогласувања. Слободните припадници на овој знак би требало да соберат храброст и да ја поканат на состанок личноста за која долго време размислуваат. Ѕвездите се на ваша страна.

Бик

Оваа полна месечина силно ќе влијае врз вашиот живот. На површина ќе испливаат сите скриени емоции. Можеби ќе морате да одбирате помеѓу кариерата и љубовта, а ѕвездите велат дека најдобро е да го послушате своето срце. Угодете си себеси и правете го само она што ви годи.

Близнаци

Полната месечина во Лав ја открива вашата страсна страна. Дојде време да ги искажете сите ваши таленти. Искористете ја креативноста за да ја започнете работата за која веќе долго време фантазирате.

Рак

За Раковите ова е одлична можност да заработат многу пари. Ѕвездите се на ваша страна, а ваше е да повлечете добри потези и да профитирате. Одлична можност да напредувате на работа, да започнете сопствен бизнис или да вложите во недвижнини.

Лав

Лавови, ова е ваш момент да заблескате. Покажете ѝ на околината што можете да постигнете. Полната месечина ќе ви донесе одлични можност, вам ви преостанува паметно да ги повлечете потезите.

Девица

Се чувствувате исцрпено, а ѕвездите велат дека време е за одмор. Дозволете си себеси барем на кратко да заборавите на обврските и проблемите. Посветете му се повеќе на партнерот.

Терезија

Иако овој астро-период на многу знаци им носи турбулентни односи, тоа не важи за вас. Терезиите овој период ќе го искористат максимално. На сите ситуации ќе гледаат од поведрата страна, па ќе успеат да ги надминат и сите проблеми што веќе долго ве мачат. Доколку имате несогласувања со партнерот, ова е идеален период за да ги расчистите и да запловите во мирен и хармоничен период.

Скорпија

Вашиот професионален живот сега е во центарот на вниманието. Не плашете се да повлечете некои ризични потези, бидејќи токму тие можат да ви донесат поголема заработка. Трудот што досега сте го вложиле конечно почнува да се исплаќа. Ја чувствувате поддршката на партнерот и тоа ви годи. Слободните припадници на овој знак би можеле да запознаат интересна личност.

Стрелец

Се чувствувате подобро од кога било претходно и максимално ќе ги искористите сите можности што ви се нудат. Не плашете се да поставувате прашања и да пробувате нови работи. Ова е одличен период и за работа, но и за љубовниот живот. Сè што ќе замислите, ќе ви оди од рака.

Јарец

На површина ќе излезат сите емоции што долго време сте ги чувале под тепих. Време е да се соочите со проблемите и со луѓето од кои долго време се криете.

Водолија

Вашата врска ќе биде ставена на тест, можни се несогласувања со партнерот. Внимателно одбирајте ги зборовите за да не се каете подоцна.

Риби

Ви претстојат значајни промени и можности да напредувате на сите животни аспекти. Прифатете ги сите промени што ви пристигнуваат и обидете се да извлечете максимум од секоја ситуација. Ѕвездите се на ваша страна доколку сте подготвени да соработувате.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа