Први фотографии од несреќата: Популарниот „Терминатор“ учествувал во верижен судар

Американските медиуми ги пренесоа фотографиите од местото на несреќата на кои можеме да го видиме легендарниот актер и поранешниот гувернер на Калифорнија по сообраќајната несреќа.

Популарниот актер Арнолд Шварценегер (74), учествувал во верижен судар во Брентвуд во кој една жена е повредена, пренесуваат тамошните медиуми.

Како што пренесува „TMZ“, „Терминаторот“ возел GMC Yukon кој се судрил со црвениот автомобил Prius, потоа се превртел преку помалото возило и продолжил да ротира сè додека не се судрил со другиот автомобил.

До инцидентот дошло на една од големите раскрсници во Лос Анџелес, а повредена е само жената која го возела автомобилот Prius.

Таа била пренесена во болница поради повреда на главата, а по првите фотографии од местото на несреќата би можеле да кажеме дека Шварценегер се чувствува добро. Тоа набрзо го потврдил и неговиот претставник за медиумите.

„Тој е добро, неговата единствена грижа во овој момент е повредената жена“, истакнал тој.

22.01.2022 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега