Пукал кон куче, но погодил момче - уапсен малолетник од Скопје

Малолетник повреден со огнено оружје бил однесен на Клиника, информира МВР.

- Вчера во околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Копаница, скопско, 16-годишник од село Бојане, скопско, бил повреден со огнено оружје. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а во врска со настанот од слобода бил лишен 16-годишник од село Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот. Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега