Пукање и пресметка со нож во Куманово

Пукање и пресметка со нож во Куманово.

- На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј, при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје.

Според пријавеното полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој моментим се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И. Тој бил пренесен во болницата во Куманово се укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега