Пукање кај „Вуковарска“: Групна расправија меѓу скопјани

На 08.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот на ул.„Вуковарска“, по претходна расправија помеѓу Р.Б.(34) и П.Б.(29), од една страна, и В.А., од друга страна, сите тројца од Скопје, В.А. испукал од огнено оружје кон П.Б..

Повредени лица нема, а од проектилот било оштетено паркирано патничко возило. Бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот.

09.12.2022 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа