Пукање синоќа во Ченто: Изрешетале Мерцедес со 30 куршуми, двајца во болница

Две лица биле во возилото во кое биле испукани триесетина куршуми од друго возило без регистарски таблички синоќа во скопската населба Ченто.

МКД.МК. пишува дека инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто во возило „мерцедес-бенц“ кое буквално било изрешетано од 30 куршуми.

Едното лице е во болница и е надвор од животна опасност, а второто било пуштено на домашно лекување, а неофицијално се работи за крвна одмазда.

Се очекуваат детали од полицијата.

 

 

 

 

24.09.2018 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега