Пукање среде бел ден во Нови Сад- Едно лице повредено

Триесетгодишен маж е ранет денес околу 10 часот во пукање во Нови Сад.

Како што дознава Радио 021, напаѓачот бил уапсен непосредно по пукањето.

Според неофицијални информации,  напаѓачите и биле познати на полицијата како сторители на кривични дела.

Според портпаролот на Брзата помош, д-р Зоран Круj, екипата на Брзата помош интервенирала на повик на граѓаните кои го слушнале пукањето, но кога пристигнале на местото на настанот, таму не нашле никој.

Неофицијално, повредениот маж бил пренесен со сопствен превоз до Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина и се наоѓа во стабилна состојба.

На стаклото од влезот на зградата може да се видат дупки од куршуми.

23.06.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа