Пукање во Германија: Убиени осум во близина на Франкфурт, полицијата го пронајде мртов во неговиот дом

Напаѓачот кој пукаше и убил осум лица синоќа во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт, денеска е пронајден мртов во неговиот дом. Тоа го објави полицијата во покраината Хесен на Твитер.

Специјалните полициски сили пронајдоа уште еден труп во домот. Истрагата е во тек. Се уште нема информации за други сторители, се вели во соопштението.

Засега нема информации за мотивите на напаѓачот.

Претходно, локалната полиција соопшти дека во пукањето има пет лица тешко повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега