Пукање во Тетово: Маж со тешки повреди пренесен во болница

 

Тетовец со тешки повреди бил пренесен во болница откако по кратка расправија , две лица пукале кон него и си заминале.

„На 01.07.2020 во 17.58 часот во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на ул.„Љуботенска“ во Тетово, со патничко возило „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од с.Лавци, тетовско, и по кратка расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово,  испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото на настанот.

Ш.М. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка“ соопштуваат од полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега