Пукање во Топанско Поле - полицаец итно префрлен во болница

 

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 17:00 часот на улица „Методија Митевски“, пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.

Како што информира МВР, кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Ј.Ј. се здобил со повреда во раката и бил префрлен здравствена установа за укажување на лекарска помош. Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега