Пукање во Врапчиште - малолетник со прострелна рана донесен во болница

 Шестнаесетгодишно момче од тетовското село Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка повредил друг малолетник од истото село. Повреденото момче е префрлено во приватната болница „Систина“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош.
 
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот бил пријавен вчера во 14:10 часот во СВР Тетово. Немилиот настан се случил на 5 јануари околу 15:30 часот во помошен објект во атарот на селото Врапиште.
 
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.01.2021 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега