Путин при посета на болница носеше жолто одело - главниот лекар ја откри причината за тоа

При посетата на болница во Москва претседателот на Русија, Владимир Путин носел исто заштитно одело какво што носат лекарите, изјавил главниот лекар на оваа медицинска установа Днисе Проценко во интервју објавено на Јутјуб.

„Само имаше жолто одело, кое беше во негова големина, а ние во бело“, објаснил Проценко.

Тој истакнал дека за разлика од лекарите, претседателот имал маска со поголемо ниво на заштита, затоа што спаѓа во ризичната група.

Путин во вторникот ја посетил болницата Комунарки, каде се наоѓаат повеќето пациенти заразени со коронавирус. Тој посети неколку одделенија и разговараше со еден од пациентите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега