Путин: Русија не планира целосен карантин и покрај големиот број починати

Русија не планира да воведе какви било остри ограничувања за спречување на епидемијата на ковид-19, рече претседателот Владимир Путин, иако земјата регистрира рекорден број смртни случаи.

Бројот на заразени скокнал во последните денови на 15.700 денеска, близу до рекордот поставен на почетокот на оваа недела. Во последните 24 часа, во Русија починале рекордни 317 лица од ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата се искачил на 24.952.

 

Затоа се очекувало дека Москва може да воведе карантин за борба против епидемијата, слични на оние што се покажалњ штетни за економијата на почетокот на оваа година.

"Во врска со можноста за строги, сеопфатни мерки, ние не планираме да го сториме тоа. Владата нема такви планови", рече Путин на видео-конференција со водечките бизнисмени.

Русија мора да продолжи со тестирањата, да ги следи безбедносните мерки и да започне со вакцинирање, додаде тој.

Претходно денес, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија сега е поподготвена да одговори на пандемијата по примената на клучните мерки на претпазливост, хигиена и мерките воведени од локалните власти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега