Путин: Светот ќе биде на само еден чекор од трета светска војна


„Во случај на сериозен судир со НАТО, светот ќе биде на само еден чекор од трета светска војна“, рекол рускиот претседател Владимир Путин, пренесува руската државна агенција „Tass“.
„Мислам дека е малку веројатно дека некој сака нешто такво“, додал тој.

Според зборовите на Путин, бројни војници од земјите членки на НАТО веќе се распоредени во Украина. „Тоа веќе го знаеме“, рекол тој додавајќи на бојното поле веќе слушнале француски и англиски јазик. „Тоа не е ништо добро, посебно за нив, бидејќи таму умираат во голем број“, рекол Путин, кој не изнел никакви докази за тоа тврдење.

Украина повеќе од две години со помош на Западот се брани од Русија.

Руското изборно доверителство објави дека Путин остварил рекорден резултат и добил нешто помалку од 88 проценти од гласовите, откако биле преброени речиси четвртина од гласачките ливчиња. На претходните претседателски избори во 2018-та година победил со 76,7 проценти од гласовите.

На ниеден вистински опозициски кандидат не било дозволено да учествува на изборите кои траеле три дена.

 

 

 

 

18.03.2024 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега