Путин: Во нуклеарна војна никогаш нема победници

 

Во нуклеарна војна не може да има победник и таква војна никогаш не треба да се започне, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Како земја потписничка на Договорот за неширење нуклеарно оружје и еден од неговите гаранти, Русија постојано се придржува до словото и духот на Договорот“, рече Путин во писмото упатено до учесниците на договорната конференција во Њу Јорк, соопшти Кремљ.

„Ние тргнуваме од фактот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека никогаш не треба да се започне и се залагаме за еднаква и неделива безбедност за сите членови на светската заедница“, рече претседателот на Русија, пренесе Танјуг.

01.08.2022 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега