Работејќи на нива пронашол граната од Првата Светска војна и веднаш повикал полиција

 

Артилериска граната од Првара Светска војна била пронајдена во селото Меџитлија додека Б.Б изведувал земјоделски работи.

„На 29.06.2020 во 10.56 часот во Полициското одделение Велушина, Б.Б.(40) од с.Меџитлија пријавил дека на влезот на гробиштата во село Меџитлија, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана граната.

Од полициски службеници  било излезено на местото на настанот, а од страна на пиротехничар од ДЗС била подигната артилериска граната 75 мм од Првата светска војна“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега