Работник од Прилеп пренесен во болница- се повредил на работно место

 

Работник од фабрика за текстил во Прилеп пренесен во болница со тешки повреди со кои се здобил на работното место.

„На 26.06.2020 во 13.30 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Александар Македонски“, во фабрика за текстил, Д.К.(35) од Прилеп се повредил додека извршувал работни задачи.

Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“ соопштуваат од полицијата.

Полициски службеници од Полициската станица Прилеп излегле на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега