Рачна бомба пронајдена на банкина покрај автопат во Куманово

 

Вчера вечер во 18.00 часот во СВР Куманово, С.Р.(62) од селоТабановце пријавил дека на банкина покрај автопат Куманово-Граничен премин „Табановце“, во близина на бензинска пумпа, пронашол рачна бомба.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Од страна на пиротехничар на ДЗС експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега