Рај за пензионери: Пердасдефогу е град со најмногу стогодишници во светот

 

Пердасдефогу е град на островот Сардинија и според Гинисовата книга на рекорди има најголем процент на стогодишници во светот.

Во февруари годинава дури десет од 1.765 жители биле постари од 100 години. Според Гинисовата книга на рекорди, ова е највисокиот процент на стогодишници во однос на популацијата забележана каде било во светот.

На влезот во градот има плоча, а еден од плоштадите се вика Пјаца Лонгевита.

Annunciata Story е „најмладата стогодишничка“ во градот. Таа наполни 100 години во август.

Пјетро Мереу, режисер кој сними документарен филм за градот на стогодишниците, вели дека заедничко на сите им е тоа што напорно работеле цел живот, но се хранеле здраво и живееле со малку или без стрес.

„Наместо да го следат ритамот на е-пошта или мобилни телефони, тие го следеа ритамот на природата“ – вели тој.

Салваторе Мура, историчар и локален политичар од Пердасдефогу, вели дека една од тајните на староста на жителите на ова место е фактот што цел живот јадат зеленчук од сопствената градина. Но, важна улога играат и гените и интимниот социјален живот на семејството.

„Тоа ја одржува менталната и физичката виталност“ – вели Мура.

Научниците се интересираат за долговечните жители на Пердасдефогу.

За да најдат одговор на оваа појава, тие сакаат да анализираат 13.000 примероци на ДНК од провинцијата Ољастра, каде што се наоѓа овој град.

03.10.2022 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа