Ралповски: Законот за недела неработен ден е само манипулација

Во оваа форма ние законот за недела неработен ден не беше наш предлог и не го поддржувавме вака, бидејќи оваа форма ништо не ги подобрува работничките права туку имаме само манипулација со работниците. Имаме многу двосмилености и недокажаности во законот, изјави за „Топ тема“ на Телма претседателот на КСС Благоја Ралповски.

– Во ставот 3 во законот се одредуваат еден куп дејности кои работат, ние од КСС укажавме дека ако важи за еден работник треба да важи за сите работници. Кој ќе работи во недела да биде платен 100% зголемена дневница. Но доаѓаме до ситуација каде се вика дека ќе работи царина, но каде се шпедициите, или со бајпас на законот за работни односи што е недозволиво преку законот за трговија се дозволува да работат молови или поголеми маркети, а каде се занаетчиите? – прашува тој.

Ралповски нагласи дека работно време е дефинирано со Устав и Конвенциите на Меѓународната организација на труд, а и нив Македонија ги има ратификувано.

– Работното време не може да се определува со правилници, ниту со други закони кои не се во областа на закон за трудово право. Најголема галама беше да не работат тие по молови и маркети и сега го бајпасираме законот и дозволуваме да се суспендира закон за работни односи, изјави тој.
Ралповски потенцираше дека овој закон во ниеден момент не ги подобрува правата на работниците, недела нема да биде неработен ден, а сега има можност за манипулација и еден работник може да има само еден слободен ден во 14 дена.

21.12.2021 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега