Рама: Албанија достигна квота од милион имунизирани граѓани против Ковид-19

Албанија досега достигна бројка од милион вакциниран граѓани против Ковид-19, од кои половина се ревакцинирани.

Веста ја објави премиерот Еди Рама, преку фотографија на социјалните мрежи.

„+ 1милион.“, напиша Рама.

Процесот на вакцинација во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува”, почна на 11 јануари првите лица кои биле вакцинирани беа медицинскиот персонал, по што следеа просветни и универзитетски професори, вработени во детски градинки и домови за стари лица, како и лица над 85-годишна возраст.

Со текот на месеците, возрасната група продолжи да опаѓа, достигнувајќи ја категоријата која во моментот се имунизира, односно оние над 40-годшна возраст.

Се користат вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Синовак и Спутник В.

Здравствените власти ја дефинираа националната стратегија за вакцинирање, според која целта е целото население во Албанија да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.

Премиерот Рама неодамна најави дека и Албанија ќе гради фабрика за производство на вакцина Синовак, оценувајќи го како „стратешки чекор за во иднина”.

Според последните податоци на министерството за здравство, вчера регистрани се 7 нови случаи, починати нема повеќе од десет дена, активни на болеста се 55 лица од нив болнички се третираат само тројца пациенти

07.07.2021 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега