Рама започна митинг со порака од Заев

Албанскиот премиер Еди Рама на предизборниот митинг во градот Пустец прочита порака од премиерот Зоран Заев, во која се наведува дека албанскиот и македонскиот народ се многу блиски пријатели.

Албанската агенција АТА наведува дека Рама со читање на пораката од Заев го започнал митингот.

Заев истакнува дека Северна Македонија и Албанија се два блиски партнера.

– Заедно работиме за благосостојба на нашите граѓани, наскоро ќе бидеме сојузници и во НАТО и нашата заедничка иднина се наоѓа во ЕУ. Северна Македонија и Албанија се земји на нации и народи кои се многу блиски. Македонците и Албанците живеат едни покрај други, почитувајќи се едни со други, нашите разлики и јакнејќи го нашиот просперитет, затоа што стоиме рамо до рамо во добри и лоши денови, пишува во пораката на премиерот Заев.

Тој верува дека „неговиот пријател Еди Рама е посветен на почитувањето и заштитата на културниот идентитет на Македонците во Албанија“, како што истакнува премиерот Заев дека и тој е посветен на почитувањето и заштитата на културното наследство на Албанците во Северна Македонија.

– Верувам дека Рама ќе работи со вас на подобрување на образованието, здравствените услуги, инфраструктурата и гарантирање на порастот и напредок за сите, како што тоа и јас го правам во Северна Македонија, додава Заев во пораката.

Пустец е албанска општина каде мнозинското население е од македонска националност. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2019 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега