Рашиди: АА нема да биде дел од Владата
Пратеникот Сурија Рашиди, кој е дел од раководството на Алијанса за Албанците ги демантираше информациите што се појавија во јавноста дека неговата партија ќе биде вклучена во Владата.
-Јас сум член на раководството на партијата и оваа тема не е претставена на ниту една средба, изјави Рашиди за ТВ Алсат.
Тој рече дека Алијансата за Албанците е сериозен политички субјект кој не носи одлуки врз основа на хипотетички гласини, туку носи политички одлуки врз основа на она што е реално и објективно.
07.10.2022 - 09:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа