Расте бројот на хоспитализирани во Дебар

 

Во Дебар, вкучително и општина Центар Жупа, расте бројот на новозаразни со Ковид-19 и на хоспитализирани во Ковид центарот при Општата болница со прошиена дејност, а денеска по месец и половина регистриран е еден починат.

-Само во последните три дена имаме 28 новозаразени, а овој месец 47. Во Ковид центарот кој функционира во просторите на поранешното интерно одделение во нашата установа, моментно хоспитализирани се седум пациенти, од нив пет се на кислородна поддршка. Бројот на оние кои се јавуваат за преглед е различен, денеска имавме над 10, изјави за МИА Баки Алили директор на болницата, која со својата активност ги покрива двете општини.

Што се однесува на хоспитализираните, станува збор за повозврасни лица, кои не се вакцинирани, додека поголемиот број од вкупно активните, 54 случаи, се лекуваат во домашни услови.

По први јули кога беше регистриран последниот починат, како последица од Ковид-19 денеска почина 67 годишен пациент со што бројката на почнати од почетокот на пандемијата надмина педесет.

-Попладнево добивме нова пратка од 300 дози од Фајзер, со што на располагање се 560 дози, од Синовак имаме 400, додека од Астра Зенека 160 дози. Апелирам до граѓаните да се вакцинираат и строго да ги почитуваат мерките, зашто тоа е единствен начин да се заштитиме од опасниот вирус, посочува Алили.

Но, и  покрај апелите на надлежните во поширокиот дебарски регион,  во кој моментно престојуваат над 10.000 иселеници, веселбите продолжуваат без почитување на мерките за заштита, а преполни се и кафулињата и трговските објкети, каде ретко кој носи заштитна маска и не  се одржува задолжтелното растојание.

10.08.2021 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега