Растурени три новогодишни прослави со поголеми групи на луѓе во Скопје

Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на Скопје евидентирани се три пријави за прославување на поголема група луѓе. Едната прослава била во општина Карпош на булеварот „Партизански одреди“, втората во општина Центар на булеварот „Илинден“ и третата на подрачјето на Бит Пазар, во Старата Чаршија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Контролирани се и 288 угостителски објекти и не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите за спречување на Ковид-19.

– Во текот на ноќта констатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18:40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2021 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега