Разбојништво во Скопје: Две лица украле 96.000 денари и 20 мобилни телефони од продажен салон

Јавен овинител нареди истрага против  две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

 

Како што информира Обвинителството, двајцата осомничени, на 4 август, влегле во продажен салон за бела техника и апарати на улицата „Ѓорче Петров“ и на тројцата вработени им се заканиле со автоматска пушка и пиштол. Од продажниот салон противправно одзеле 96.000 денари и 20 мобилни телефони. По извршеното разбојништво, во автомобил со регистарски таблички од друго возило, осомничените го напуштиле местото и се упатиле кон Сарај. Притоа биле забележани од полициски службеници кои неколкупати се обиделе да го сопрат возилото, но осомничените ја зголемувале брзината. Во близина на мостот Сарај, на излез од Скопје, биле запрени и лишени од слобода.

За едното лице е предложен притвор, додека вторито осомничен е на издржување казна затвор за друго кривично дело.

08.08.2022 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа