Разрешен Зоран Глигоров - Наталија Митовска е нов секретар на Град Скопје

Разрешен генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Нов секретар на Градот ќе биде Наталија Митовска, која во минатото била носител на високи раководни функции во Владата.

Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции.

Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година во период кога претпријатието ги бележеше најдобрите економски и оперативни резултати, има искуство во приватниот сектор со високи извршни позиции, како и работа како асистент професор по политички науки.

На позицијата секретар на градот Скопје доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата За модерно Скопје.

29.12.2023 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега