Реагираат и од СДСМ: Славевски беше жесток противник на зголемување на минималната плата, а денес е против Буџетот за 2022 година

-ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите од Буџетот се користат за реализација на капитални инвестиции важни за економскиот раст.
Трајко Славевски беше жесток противник на зголемување на минималната плата, а денес е против Буџетот за 2022 година, кој е развоен и носи многу повеќе пари за капитални инвестиции, вака реагираат и од владејачката СДСМ, во однос на прес-конференцијата на Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој истакна дека  буџет со погрешни проекции е нереален буџет.
 
-Во Буџетот за 2022 година, капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27% повеќе во однос на 2021 година. Средствата ќе бидат наменети  за реализацијата на инфраструктурните проекти и вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години ја задолжуваше државата за споменици, договорени тендери, палми и жални врби денес глуми загрижена опозиција, а со години наназад кочеше проекти како поголеми плати и пензии, зголемени субвенции, поврат на ДДВ и слично кои обезбедуваа повеќе пари кај граѓаните, се додава во соопштението на владејачката партија.
 
Потенцираат дека: „Не е непознат таквиот лицемерен и неодговорен однос на партијата чија единствена цел е да работи против интересите на граѓаните и државата“.
05.11.2021 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега