Реакција на Русија: „Ова е тероризам, Киев не нападна“

 

Украинските безбедносни сили употребиле осум беспилотни летала за напад на Москва и сите беспилотни летала биле погодени, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Во нападот учествуваа осум дронови. Сите непријателски беспилотни летала беа погодени“, се вели во соопштението.

Инцидентот беше наречен „терористички напад“.

Во раните утрински часови беспилотни летала оштетија станбени згради во југозападниот дел на Москва. Исто така, еден дрон удрил во куќа. Според градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин, две лица побарале лекарска помош, но не им била потребна хоспитализација. Жителите се привремено евакуирани.

Сите служби за итна помош се на лице место.

Покрај тоа, гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов изјави дека системите за противвоздушна одбрана во регионот собориле неколку беспилотни летала.

Федералната управа за воздухопловство објави дека аеродромите во Москва функционираат нормално.

30.05.2023 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега