Реалниот број на заразени во Шпанија е над 3 милиони

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека „реалниот број“ на лица заразени со коронавирус во Шпанија е повеќе од три милиони.

Во телевизиското обраќање до граѓаните, Санчез рече дека оваа недела бројот на заразени официјално надмина еден милион, но дека „реалниот број на заразени од избувнувањето на пандемијата е три милиони“.

 

Властите во Мадрид рано денес објавија забрана за собирање помеѓу полноќ и шест наутро за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирус.

Забраната за собири треба да стапи на сила утре, а уште неколку шпански региони сакаат да воведат полициски час.

Баровите и рестораните во Мадрид ќе мора да бидат затворени од 24.00 часот, а последните гости ќе можат да влезат во 23.00 часот.

Шпанија на 21 октомври објави дека го надминала прагот од еден милион заразени со коронавирус.

Со околу 47 милиони жители, Шпанија е шеста земја во светот што го надмина прагот од еден милион заразени по САД, Индија, Бразил, Русија и Аргентина.

Таа е прва членка на Европската унија (ЕУ) со толку голем број заразени лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега