Ребиќ за протестите во Белград: Повредени 43 полицајци, уапсени 23 демонстранти, запалени 5 возила на МВР

Директорот на српската полиција Владимир Ребиќ вели дека полицијата за време на вчерашните протести изреагирала „крајно воздржано“, односно дека во околу 23:00 часот употребила хемиски средства. Повредени се најмалку 43 полицајци.

Поради протестите уапсени се 23 лица, вели Ребиќ. Запалени се 5 полициски возила, а повредени се и три коњи.

Ребиќ вели ека билансот од синоќешните протести и нереди во Белград е исклучително сериозен, што се однесува до полицијата.

„Имавме само 43 повредени полициски службеници, веројатно бројот е значително поголем затоа што оние со полесни повреди не се јавиле. Имаме податок за повредени 17 демонстранти“, рекол Ребиќ.

Приведени биле 23 демонстранти, а меѓу нив е и Дајан Кнежевиќ, кој може да се означи како организатор на упадот во Собраните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега