Рецепти и купување дрон за 35.000 евра- ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ова се иновациите на ФИТР

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за конкурсот на ФИТР за поддршка на иновации и технолошки напредок.

“Срамно е што СДСМ и Фондот за криминални иновации молчат една недела за скандалозните проекти кои ги поддржале, грото 40.000 евра по проект, а уште посрамно е што делеле пари за рецепти за јадење и станале како списание за гурмани.
 
Целиот е конкурс е поврзан со рецепти за јадење, за храна, некакви си рецепти кои ги сметаат за иновации и дебело ги плаќаат, голем дел од проектите се поделени по блиски луѓе на СДСМ и за сето тоа по 40тина илјади евра од проект плаќаат граѓаните токму за Фондот за криминални иновации. 
 
На пример, јавноста никогаш, ама баш никогаш не би замислила дека иновација во светот, но и овој конкурс во Република Македонија е набавка на дрон, замислете набавка на дрон е иновација, за да надлетува 1земоделски посеви и за тоа фондот за криминални иновации плаќа 35.000 евра.

Нема ништо иновативно да отиде некоја фирма со пари и да си купи дрон. Такви дронови постојат и постојат многу одамна. Не е ништо измислено.

 
Јас сеуште се чудам, како може да е иновација набавка на дрон, а се уште да не дознал сопругот на Мила Царовска да не аплицирал или уште подиректно прашање, како ова е иновација што чини 35.000 евра, кога фамилија Царовски надлетување со дрон за вегетација веќе имаше склучено договор во Град Скопје за многу поголеми суми?
 
Фондот за криминални иновации и Коста Петров се олицетворение на недомаќинското работење и криминално работење на СДСМ.“, рече денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:
 
 
Опозициската партија бара одговорност.
„Ги повикувам институциите, нормално доколку не се плашат и доколку не се во истата шема со СДСМ за испумпување пари од државата,  да ги ревидираат тие спорни проекти, да отворат случаеви и тие што се во ред како проекти, каде што навистина има простор и треба да се поддржи некој проект, во ред, да се поддржи и да се потпишат, но тие што се спорни и што се за испумпување на пари од граѓаните веднаш да се исфрлат, а Фондот за криминални иновации и сите таму вмешани да сносат одговорност! Од Фонд за иновации направија дувло за испумпување пари на граѓаните и Фонд за криминални иновации“, рече Арсовски.
 
 
08.12.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега