Ред облаци, ред сонце: УХМР со прогноза какво време не очекува во наредните неколку дена

Времето утре во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.

– Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени, соопштија од УХМР.

Времето во наредните денови ќе биде на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваат. 

21.07.2021 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега