Реџепи: Мијалков требаше да биде испратен во Шутка, а не во домашен притвор

Скендер Реџепи, пратеник од Алтернатива смета дека ексшефот на тајната полиција требало да биде испратен во Шутка, а не во куќен притвор, бидејќи ризикот да избега од домашен притвор е многу поголем.

„Прво, пред да има ветинг во обвинителството или во судството, мора да има ветинг во Владата. Затоа што е потсмев на граѓаните да се има ваква глума, таков театар, каде што личноста која беше најштетната личност во владата на Груевски станува пријател на владините службеници, а воедно и сета таа глума за неговото заминување и враќање беше дел од играта што ја играше владата за дефокусирање од случајот „Монструм“, во кој се обидоа да ги ублажат правните повреди што ги сторија во случајот. Мијалков беше пријател на Груевски, но сега е пријател на Владата и тоа е јавна вистина. Лицето за кое е поднесено барање за меѓународна и внатрешна потерница, самостојно се појави пред Обвинителот. Замислете да помине низ целата полиција, безбедноста, да се бара низ целата земја и да му се даде слобода да се јавува пред Обвинителот пеш. Што е уште полошо, Обвинителството одлучи да го продолжи тој домашен притвор. Во такви случаи тој треба да биде испратен во затворот Шутка. Затоа што сомнежот дека може дури и да избега од домашен притвор е далеку поголем од било што друго. Владата во овој случај прави сериозно кршење на сите демократски судски вредности. И верувајте дека ветингот во судството или обвинителството е најмалото прашање што треба да се направи сега, во време кога треба да се направи ветинг во Владата. Лично, мислам дека ДУИ треба да биде гласна и да побара оставка и да се приклучи на нашата иницијатива за интерпелација на министерот за внатрешни работи“, рече Скендер Реџепи, Алтернатива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега