Реџепи-Зејд: Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд синоќа изјави дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.

Во синоќешната емисија „Клик плус“ на ТВ21, каде се разговараше за последните политички случувања, истакна дека во тој случај тој најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.

– Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат, рече Реџепи.

Во врска со Фејсбук статусот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, во кој тој го повикува албанскиот блок да гласа против ДУИ, Реџепи-Зејд вели дека Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ.

Реџепи-Зејд исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ „ги добило изборите на нивен грб бидејќи се претставиле како едно поинакво ВМРО“.

Сепак, тој од друга страна вели дека Алтернатива ги изгубиле изборите баш поради оваа коалиција.

– Треба да се разгледаат резултатите од изборите на кои се изгубија 27 илјади гласови поради коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, рече Реџепи-Зејд.

Меѓу другото, Реџепи-Зејд рече дека ќе имале реакција и кон Движењето Беса.

– Тоа беше момент кој беше погоден за 11 пратеници и јас бев тој што првично побара да се одложи потпишувањето за да имаме простор, но коалициите, рушењето на Владата и договорите се прават за да се види какво ќе биде владеењето во иднина. Моето барање откако потпишавме беше да престанеме да разговараме со ВМРО и другите субјекти каква ќе биде поделбата на власта, како ќе се правдаме пред нашите гласачи, но немаше одговор. Да дојдеше во раководството на Алтернатива, оваа опција ќе имаше реакција до Беса, многу сум убеден, изјави Реџепи-Зејд

09.11.2021 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега