Close Menu
Press24
    Најново

    Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија

    12.11.2026 во 23:43

    Фатен додека ограбувал куќа во село Девич: Уапсен 61-годишник од Македонски Брод

    12.11.2026 во 23:20

    ЕУ најави нов пакет санкции за Русија и дополнителна помош за Украина

    12.11.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија
    • Фатен додека ограбувал куќа во село Девич: Уапсен 61-годишник од Македонски Брод
    • ЕУ најави нов пакет санкции за Русија и дополнителна помош за Украина
    • Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
    • Одржан координативен состанок во Тетово за превенција од малолетничка деликвенција
    • Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера, истрагата не утврди вина кај полициските службеници
    • Есенско разубавување на Скопје: Ново сезонско цвеќе во парковите и долж булеварите
    • Максим Димитриевски: Компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    25.02.2026 во 08:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Куманово денеска ќе се одржи Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, организиран од Национален ромски центар – НРЦ Куманово. Настанот има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво.

    Форумот ќе овозможи споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут.

    Како што се посочува во најавата, општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно. Поради големиот волумен или опасните својства, одреден отпад не смее да се фрла во канти или контејнери. Собирните центри се клучен дел од примарната селекција и регионалната шема за управување со отпад, но општините често се соочуваат со предизвици како избор на локација, сопственост на земјиштето и нејасни законски процедури. Градежниот отпад, пак, често завршува во контејнерите или создава диви депонии, што претставува сериозен проблем.

    Настанот е дел од проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кој го спроведува Центар за климатски промени во соработка со партнерите: Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион.

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

    Прочитај повеќе

    Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија

    12.11.2026 во 23:43

    Фатен додека ограбувал куќа во село Девич: Уапсен 61-годишник од Македонски Брод

    12.11.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.