Close Menu
Press24
    Најново

    Осум дена притвор за 34-годишник поради обид за обљуба во Богданци

    10.11.2026 во 14:44

    Од 2027 година нема телефони ниту во ранците: Построги мерки за учениците во Англија

    10.11.2026 во 14:28

    Бројката на загинати се искачи на 12, прогласена вонредна состојба во три општини во Бугарија

    10.11.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осум дена притвор за 34-годишник поради обид за обљуба во Богданци
    • Од 2027 година нема телефони ниту во ранците: Построги мерки за учениците во Англија
    • Бројката на загинати се искачи на 12, прогласена вонредна состојба во три општини во Бугарија
    • Народната банка ги олеснува условите за клиентите на „АЛТА банка“: Овозможено електронско банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје
    • Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Царината и Врховниот суд потпишаа договор за електронска размена на податоци во реално време
    • Кривична пријава за 38-годишен тетовец: Оставил писмени закани за деканот и професорите на Факултетот за уметности
    • Поставени специјализирани контејнери за текстилен отпад пред училиштата и градинките во Општина Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    25.02.2026 во 08:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Куманово денеска ќе се одржи Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, организиран од Национален ромски центар – НРЦ Куманово. Настанот има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво.

    Форумот ќе овозможи споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут.

    Како што се посочува во најавата, општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно. Поради големиот волумен или опасните својства, одреден отпад не смее да се фрла во канти или контејнери. Собирните центри се клучен дел од примарната селекција и регионалната шема за управување со отпад, но општините често се соочуваат со предизвици како избор на локација, сопственост на земјиштето и нејасни законски процедури. Градежниот отпад, пак, често завршува во контејнерите или создава диви депонии, што претставува сериозен проблем.

    Настанот е дел од проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кој го спроведува Центар за климатски промени во соработка со партнерите: Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион.

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

    Прочитај повеќе

    Осум дена притвор за 34-годишник поради обид за обљуба во Богданци

    10.11.2026 во 14:44

    Народната банка ги олеснува условите за клиентите на „АЛТА банка“: Овозможено електронско банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје

    10.11.2026 во 13:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.