Close Menu
Press24
    Најново

    Возачите да се подготват: Утре се очекува нова одлука за цените на горивата

    15.11.2026 во 12:55

    Голем пожар во Скопје: Седум противпожарни возила и 19 пожарникари излегле на терен

    15.11.2026 во 12:39

    Мета казнета со 805 милиони евра – Фејсбук пристапувал до фотографии и видеа од телефоните на корисниците

    15.11.2026 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Возачите да се подготват: Утре се очекува нова одлука за цените на горивата
    • Голем пожар во Скопје: Седум противпожарни возила и 19 пожарникари излегле на терен
    • Мета казнета со 805 милиони евра – Фејсбук пристапувал до фотографии и видеа од телефоните на корисниците
    • Дневен хороскоп: Еден знак го очекува романтично изненадување, друг треба да внимава на парите
    • Манасиевски: Филипче да каже дали знаел дека Мацура е сомнителен кога со ДУИ го овозможувале влезот на Алта банка
    • Серафимовска-Борозан: Алта банка не беше присутна во Македонија во времето на СДСМ
    • 12 тони производи од Македонија вратени од Косово поради проблеми со безбедноста на храната
    • СДСМ: Неколкумина наши членови преминаа во ЗНАМ, партиските редови ни се почисти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    25.02.2026 во 08:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Куманово денеска ќе се одржи Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, организиран од Национален ромски центар – НРЦ Куманово. Настанот има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво.

    Форумот ќе овозможи споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут.

    Како што се посочува во најавата, општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно. Поради големиот волумен или опасните својства, одреден отпад не смее да се фрла во канти или контејнери. Собирните центри се клучен дел од примарната селекција и регионалната шема за управување со отпад, но општините често се соочуваат со предизвици како избор на локација, сопственост на земјиштето и нејасни законски процедури. Градежниот отпад, пак, често завршува во контејнерите или создава диви депонии, што претставува сериозен проблем.

    Настанот е дел од проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кој го спроведува Центар за климатски промени во соработка со партнерите: Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион.

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

    Прочитај повеќе

    Голем пожар во Скопје: Седум противпожарни возила и 19 пожарникари излегле на терен

    15.11.2026 во 12:39

    Манасиевски: Филипче да каже дали знаел дека Мацура е сомнителен кога со ДУИ го овозможувале влезот на Алта банка

    15.11.2026 во 11:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.