Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена девојка на автобуска постојка – полицијата трага по крадецот

    28.03.2026 во 15:48

    Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините

    28.03.2026 во 15:20

    33-годишно лице уапсено на Блаце: Во Белгија го барале со потерница

    28.03.2026 во 14:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена девојка на автобуска постојка – полицијата трага по крадецот
    • Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините
    • 33-годишно лице уапсено на Блаце: Во Белгија го барале со потерница
    • Анестезиолошки техничар го извршил убиството во Охрид
    • Спречувале инспектори од АХВ да ги товарат кравите – двајца од Крива Паланка ќе одговараат кривично
    • Уапсени двајца скопјани – полицијата ги фати со дрога
    • Мицкоски: Идните политичари мора да се фокусираат на вештачката интелигенција и енергијата
    • Почнува летното сметање на времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    25.02.2026 во 08:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Куманово денеска ќе се одржи Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, организиран од Национален ромски центар – НРЦ Куманово. Настанот има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво.

    Форумот ќе овозможи споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут.

    Како што се посочува во најавата, општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно. Поради големиот волумен или опасните својства, одреден отпад не смее да се фрла во канти или контејнери. Собирните центри се клучен дел од примарната селекција и регионалната шема за управување со отпад, но општините често се соочуваат со предизвици како избор на локација, сопственост на земјиштето и нејасни законски процедури. Градежниот отпад, пак, често завршува во контејнерите или создава диви депонии, што претставува сериозен проблем.

    Настанот е дел од проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кој го спроведува Центар за климатски промени во соработка со партнерите: Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион.

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

    Популарно

    Ограбена девојка на автобуска постојка – полицијата трага по крадецот

    28.03.2026 во 15:48

    Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините

    28.03.2026 во 15:20

    33-годишно лице уапсено на Блаце: Во Белгија го барале со потерница

    28.03.2026 во 14:52

    Анестезиолошки техничар го извршил убиството во Охрид

    28.03.2026 во 14:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.