Регистрирани 74 прекршувања на полицискиот час

Изминатата ноќ регистрирани 74 прекршувања полицискиот час во земјава, дознава Алсат.

Според податоците кои ги добиле во Алсат, направени се контроли во 1674 локали и преземени се мерки против 18 случаи на прекршување на владините одлуки за превенција од ширењето на ковид-19.

Против пет лица од Тетово и две од Гостивар ќе бидат поднесени пријави поради тоа што не само што не постапиле како што им било наредено од полицајците туку и агресивно се однесувале кон нив.

 

Во Куманово кај тројца граѓани кои биле затекнати низ улиците е пронајдено и оружје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега